РОБОМАК 2012

Од 19ти до 26ти февруари ќе се одржи најмасовната “роботилница” на Балканот организирана по втор пат од EESTEC ЛК Скопје и IEEE Student Branch. Станува збор за натпревар во роботика, каде повеќе од 150 учесници од цела Европа ќе имаат можност да земат учество во тренинзите од македонските експерти и реномирани светски имиња од областа на роботиката, во текот на шест дена.
На последниот ден ќе има натпревар во неколку категории и тoa: Robot Race, Humanoid, Sumo, Maze, како и напредно програмирање.
Можноста за практична работа на роботи не е честа појава кај нас и учеството на Робомак е навистина ретка прилика студентите да се здобијат со практично искуство од областа на роботиката.
Придобивките од овој проект се: размена на искуства и подобрена комуникација помеѓу студентите од Европа, работа во тимови во интернационална средина, анимација на студентската креативност, претставување на IEEE на студентите и јавноста.
Доколку сакате да аплицирате за РобоМак, истото можете да го направите тука.


Што претставува IEEE?
Институтот за инжeнери за електротехника и електроника (The Institute of Electrical and Electronics Engineers IEEE) е најголемото светско професионално општество. IEEE е непрофитабилна организација, oснована во 1884 и има повеке од 360 000 членови во 150 земји. Преку нејзините членови IEEE е катализатор за технички иновации. IEEE има водечко место во области како што се компјутерско инженерство, електрична моќност, космичка индустрија и корисничка електроника, био-медицинска технологија, како и телекомуникации. IEEE објавува повеќе од 30% од светската литература за електротехника, компјутери, техниката за контрола и има уште 300 големи конференции и 6000 локални состаноци годишно. Препознатливи како значајни водичи во секоја индустрија, повеќе од 800 активни IEEE стандарди се денес во употреба и уште 700 се во моментов во развој.
IEEE Student Branch е студентскиот огранок на IEEE и е составена од членови - студенти на електротехничките факултети во Р. Македонија.







EESTEC International


EESTEC-Electrical Engineering STudent’s European assoCiation Европска Студентска Организација за електроинжинери е невладина, непрофитабилна, организација на студентите по електротехника и информациски технологии од универзитети, интитуции и училишта во Европа кои доделуваат инжинерска диплома. Формирана е во Холандија во 1986.EESTEC се состои од Локални Комитети кои се наоѓаат низ цела Европа.Во моментов имаме 53 ЛК кои се распоредени во 28 земји со повеќе од 3000 активни членови, и достапност до околу 50 000 студенти. Повеќе тука.

Facebook Button Youtube Button
G+ Button Twitter Button

Поддржувачи