EESTEC
Од креирањето на локалниот комитет организирани се следните настани:
• Работилници:
• “Skopje Workshop 2004”, (25.04 - 03.05.2004)
• ”Тaste the Networks”, (11.12 -19.12.2005)
• “Feel the Energy”, (29.04 - 05.05.2007)
• “Plone my Web”, (01 - 09.12.2007)
• “WiMax to the Max” (17-24.05.2009)
• "Robomac" (02-09.05.2010)
• "Feel the energy" (01-08.05.2011)
• ECM (EESTEC Chairpersons’ Meeting) 2009, (22-28.11.2009) :
ECM (EESTEC Chairpersons’ Meeting- EESTEC Состанок на претседателите) е годишен состанок каде сите претседатели на сите локални комитети се состануваат со цел да се обучат, да споделат искуства и да придонесат за понатамошниот развој на EESTEC. ЕСМ се состои од работни сесии, симулации и дискусии на тема како успешно да се води локален комитет, како и организирање на настани и соработка на интернационално ниво. На состанокот има околу 60тина учесници и на истиот учесниците имаат можност да бидат подучувани од сертифицирани тренери за тоа како треба да се води еден локален комитет, справување во тешки ситации, лидерство и сл.
• Мотивациски викенди
Учесници на мотивациските викенди се најчесто членовите од локалниот комитет кој го организираа истиот. Целта на овие викенди се зближување, комуникација и работа во група на членовите во самиот локален комитет се со цел за подоцна полесно да се извршуваат обврските поврзани со EESTEC ЛК Скопје.
* 5-7 Март 2010 во с.Мокрени. На овој настан покрај дружење имаше во преден план беа ставени предавања на кои учесниците се здобиваат со т.н. “меки вештини “.
* 22-24 Октомври 2010 во планинарскиот дом Копанки, Пелистер. Мотивациски викенд на кој освен дружење и меѓусебно запознавање на старите и новите членови на EESTEC ЛК Скопје имаше и предавања и тренинзи од областа на Барање на спонзорства, организирање на настани.
* 07-09 Октомври 2011 во планинарскиот дом Смрека, Попова Шапка се одржа овогодинешниот мотивациски викенд на кој учество зедоа околу 60тина членови на EESTEC ЛК Скопје и за време на истиот имаше тренинзи за Лидерство, Team Building.
• Искуство
Секоја година голем број на наши членови учествуваат на работилниците и размените што ги организираат локалните комитети на EESTEC низ цела Европа.
Досега околу 300 наши членови биле на работилници во Европа во периодот од 2003- 2011 година.
| Follow @Eestec_LCSkopje |
Leadership
The trouble is, if you don't risk anything, you risk even more.
![]()
Erica Jong











