Вашето секојдневие:
07:30 Будење
08:30 Одење на автобус/ пеш
09:00 Часови
10:00 Часови
11:00 Часови
12:00 Лабораториски
13:00 Лабораториски
15:00 Часови
17:00 Читална
19:00 Ти треба пијалак
21:00 Пристигнување дома навечер
22:00 Вечера
23:00 Малку TV/ Интернет
24:00 Во кревет, бидејќи утре...
07:30 Будење
08:30 Одење на автобус/ пеш
09:00 Часови
10:00 Часови
11:00 Лабораториски
12:00 Лабораториски
...
...
Резултат?
Ги завршувате студиите на време, исто како и многу други луѓе, и одеднаш сфаќате дека животот кој требало да го уживате за време на учењето бил оставен настрана и одминал. И Вие, се наоѓате зачудени на своето интервју за работа каде сето знаење е прифатливо, но тие продолжуваат да настојуваат да прашуваат што друго сте направиле. Што друго?!?! Зарем сета работа на факс не е доволна?!?!?! 
Епа не е. Вистината е дека надвор од тоа има мноооогу повеќе. Ги завршуваме студиите и сфаќаме дека покрај немањето речиси воопшто живот низ изминатите години, сме ги одбегнувале аспектите на нашата едукација која подоцна ќе биде многу вреднувана. Така наречените soft-skills. Што е тоа? Само продолжи со читање...
Ние строго ве охрабруваме да не престанете со животот заради студиите, и да развиете позитивен и организациски дух кон нештата. Вреди!
EESTEC (Electrical Engineering STudents’ European assoCiation )
е единствена организација за студенти од електротехника, телекомуникации и информатички науки ширум Европа. Денес проширена низ повеќе од 20 земји со преку 1700 членови. Се состои од локални комитети (Local Committee – LC) .
Непрофитна организација е со главна цел, да создаде едно ниво на врска меѓу студентите, универзитетите и компаниите. EESTEC настани
“EESTEC is about people, travelling and further learning”. 
Со просек од речиси 3 настани по месец. Честопати e проблем и да се одлучите на кој да отидете. Ваше е да си го обезбедите патот до таму, малку џепарлак и се друго останува на организаторите. Во случај на добиен EU Grant кај локалниот комитет – домаќин, покриени се и вашите патни трошоци.Soft вештини
Project management искуство
Раст на самодовербата со секој изработен проект
Kонтакт со најдобри професионалци
По само неколку настани, справувањето со странски јазици станува полесно без тоа да го забележите.
Многу битна, способноста за говор пред голема публика на својот, но и на странски јазик.
EESTEC Spirit

EESTEC Spirit е чувство на имање нешто заедничко со различни луѓе од различни држави, споделен јазик кој доаѓа од таверна во Сараево, сауна во Талин, автобус во Анкара, незабележливо сфаќате дека секој околу вас е некој кој пред два дена не сте го познавале воопшто, но тие постануваат ваши колеги, во иднина одлични пријатели...
EESTEC spirit не може да се опише, единствено да се проживее. Зграбете ја оваа можност, подарете си го најдоброто искуство во животот!!!!
| Follow @Eestec_LCSkopje |
Leadership
The trouble is, if you don't risk anything, you risk even more.
![]()
Erica Jong











