EESTEC-Electrical Engineering STudent’s European assoCiation
Европската Студентска Организација за електроинжинери е невладина, непрофитабилна организација на студентите по електротехника и информациски технологии од универзитети, институции и училишта во Европа кои доделуваат инжинерска диплома. Формирана е во Холандија во 1986. Од 1995 е призната асоцијација со седиште во Цирих, Швајцарија. Од 2002 седиштето е вратено во Холандија. EESTEC се состои од Локални Комитети кои се наоѓаат низ цела Европа во различни факултети.
Локален Комитет е локален огранок од Интернационалниот EESTEC. Во моментов имаме 53 ЛК кои се распоредени во 28 земји со повеќе од 3000 активни членови и достапност до околу 50 000 студенти.
Главна цел на EESTEC е да промовира, воспостави и развие интернационални контакти и да размени идеи помеѓу студентите на факултетите со електротехнички профили.
Активностите на оваа организација се потпираат на вештините, ентузијазмот, отвореноста и волјата за вклучување на членовите, како и на надоградување, развивање и подобрување на нивното техничко знаење и достигнување на нивен целосен успех. Студентите од цела Европа се сретнуваат и ги почитуваат своите разлики во култури, традиции, општества што овозможува полесно снаоѓање во мултикултурна средина.
EESTEC Мисија
Мисијата на EESTEC да овозможи комплементарно образование на студентите, проширување на нивните хоризонти и практично упоптребување на своите вештини. EESTEC им нуди на студентите вреќа полна со можности за да ја изградат својата кариера од соништата. Ние промовираме студенти кои имаат техничко знаење како и знаење кое е потребно за да се одговори на барањата на денешницата. На овој начин им ја олеснуваме работата на компаниите во контактот со младите луге со различни вештини, кои се спремни да се вклучат во средина со желба за работа и постојано учење.
EESTEC ЛК Скопје
ЛК Скопје беше основан во 2003 и веќе 8 години им помага на студентите од универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ овозможувајќи им комплементарно образование и можност за учество на интернационални настани кои се во организација на EESTEC.
EESTEC ЛК Скопје со своите активности ја промовира македонската култура, историја и наследство.
Секоја среда од 20:00 во АМФ на ФЕИТ и Машински се одржуваат редовни состаноци. Ве очекуваме.
| Follow @Eestec_LCSkopje |
Leadership
All of the great leaders have had one characteristic in common: it was the willingness to confront unequivocally the major anxiety of their people in their time. This, and not much else, is the essence of leadership.
![]()
John Kenneth Galbraith











